ГЕОРГИЕВСКИ, Христо

ГЕОРГИЕВСКИ, Христо (Куманово, 24. Ⅹ 1943 – Белград, 3. Ⅵ 2000) – поет, есеист, критичар, книжевен историчар. Завршил Филолошки факултет во Бел-град, каде што беше редовен професор. Член на ДПМ (1986). БИБ.: Јазикот на бунарот (поезија, 1978), Јазикот и патот (поезија, 1982), Две Марии од Славко Јаневски (студија, 1982), Македонскиот роман 1952-1982 (студија, 1983), Удар (поезија, 1984), Скриена смисла (есеи, 1984), Поетиката на македонскиот роман (студија, 1985), Историја и поетика на македонската драма (студија, 1994), Историја на македонскиот роман (2000). Р.

2019-01-05T19:46:45+01:00 0 коментари