ГЕОРГИЕВСКИ, Стефан

ГЕОРГИЕВСКИ, Стефан (Скопје, 2. Ⅰ 1931) – универзитетски професор, правник. Основно училиште и гимназија завршил во родниот град. Правните студии ги започнал во Загреб (1949), а дипломирал на Правниот факултет во Љубљана (1953). Докторирал на Правниот факултет во Скопје, на тема „Положбата на малолетниците во граѓанско-судската постапка на СФРЈ“ (1965). Избран за доцент по предметот граѓанска судска постапка на Правниот фата. Основната идеја што ја следи е култет во Скопје (1966), за вонреСтефан Георгиевски ден (1971) и за редовен професор (1976). Бил судија во Околискиот суд Ⅰ во Скопје (1956-1958) и судија во Окружниот суд во Скопје (1958-1962). Бил декан на Правниот факултет во Скопје (1979/80-1980/81). Објавил неколку учебници и поголем број научни трудови од областа на граѓанското процесно право. БИБ.: Вонпарнична постапка, Скопје, 1975; Основни принципи на граѓанското процесно право, Скопје, 1995. ЛИТ.: Правен факултет – Педесет години 1951 – 2001, Скопје, 2001. Св. ш. Ташко Георгиевски

Напишете коментар