ГЕОРГИЕВСКИ-ДЕЈАН, Киро

ГЕОРГИЕВСКИ-ДЕЈАН, Киро (Прилеп, 15. Ⅷ 1910 – Скопје, 30. Ⅳ 1986) – инженер-архитект, комунистички деец, првоборец, политичар, државник и резервен потполковник на ЈНА. Завршил Технички факултет во Белград. Како член на КПЈ (1941) дејствувал во НОД во Скопје (19411943), поради што во отсуство бил осуден на смрт. Во НОАВМ бил член на Гш на НОВ и ПОМ (од кон крајот на 1943), избран за: делегат за Второто заседание на АВНОЈ, делегат-учесник на Првото заседание на АСНОМ (2. Ⅷ 1944) и заменик на началникот на ОЗНА за Македонија (до 1945). По Ослободувањето министер за комунални работи на НРМ, претседател на Планската комисија на НРМ, претседател на Советот за Киро пошумување на голините, генерален секретар на Владата на НРМ, претседател на Републичкиот со-вет на Собранието на СРМ, член на ЦК на КПМ/СКМ и на ЦК на КПЈ/СКЈ и претседател на Црвениот крст на Македонија. Носител на Партизанска споменица 1941. БИБ.: Почетоците на работата на ОЗНА за Македонија. Историските денови на Горно Врановци, Скопје, 1984, 11113; Војник на Партијата, Тиквешијата во НОВ 1941-1945, кн. седма. Страшо Пинџур, народен херој, Кавадарци-Неготино, 1985, 181-185. ЛИТ.: Киро Георгиевски-Дејан, „Нова Македонија”, ЏЛИИ, 14107, Скопје, 3. Ⅴ 1986, 5; Киро Георгиевски-Дејан, „Комунист”, Скопје, 9. Ⅴ 1986, 23. ИЗВ.: Кабинет на Претседателот на Собранието на РМ, Скопје, 2007. Т. Петр. Љубиша Георгиевски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.