ГЕОРГИЕВСКА, Слободанка Стојанова

ГЕОРГИЕВСКА, Слободанка Стојанова (Скопје, 17. XI 1944) – математичар, ред. проф. (1998) на Градежниот факултет. Дипломирала (1968), магистрирала (1976) и докторирала (1992) на ПМФ со темата „Дветочкини контурни проблеми при обичните диференцијални равенки” и публикува статии од таа област. Коавтор е на неколку учебници за студенти. Била продекан на Математичкиот факултет (1982–1884) и на Градежниот факултет (1997–1999). БИБ.: (со Д. Битраков) Курс по диференцијално и интегрално сметање, Скопје 1975; (со Е. Атанасова) Математика (аналитична геометрија и сферна тригонометрија), Скопје, 1995. ЛИТ.: Развој и состојба на математичките науки во СР Македонија, 1987; БУ бр. 827/’03.; 50 години Градежен факултет – Скопје 1949–1999, Скопје, 1999, стр. 187-188. Н. Ц. Благоја Георгиевски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.