ГЕОРГИЕВСКА, Марина

ГЕОРГИЕВСКА, Марина (Бел-град, 2. XI 1935 – Скопје, 2001) – унив. професор, биолог. Основно и средно образование завршила во Скопје. Во 1954 г. се запишала на студии по биологија на ПМФ во Скопје. Дипломирала во 1959 г., а во 1960 г. е примена како асистент на Зоолошкиот завод на ПМФ во Скопје. Во 1979 г. е избрана за доцент, во 1986 г. за вонреден професор, а во 1991 г. за редовен професор. Престојувала на стручно усовршување во Љубљана, во Белград и во Институтот за зоосистематика на Универзитетот во Будимпешта. Се занимавала со еколошки истражувања на популациите и животните комплекси на слободноживеачките нематоди во почви на различни шумски екосистеми. Објавила дваесетина научни труда. Д. Пр.