ГЕОРГИЕВА, Магдалена Александрова

ГЕОРГИЕВА, Магдалена Александрова (Велес, 16. Ⅵ 1945) – математичар, ред. проф. (1998) на Магдалена Георгиева ПМФ. Дипломирала (1968), станала асистент (1969), магистрирала (1978) и докторирала (1992) на ПМФ со темата „За некои системи за масовно опслужување со неординарен влезен поток”. Публикува трудови од областа на веројатноста и математичката статистика. Била продекан повеќе мандати и декан на ПМФ (1999-2001). ЛИТ.: ПМФ–Скопје 1946-2006, монографија; БУ бр.704/’98.; Природно-математички факултетСкопје, 1946–1996, Скопје, 1996, стр. 389; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, стр. 394-395. Н. Ц.