ГЕОРГИЕВА, Вера Минова

ГЕОРГИЕВА, Вера Минова (Скопје, 10. Ⅳ 1950) – историчар на филозофијата, универзитетски професор. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (филозофија, 1974), магистрирала на Филозофскиот факултет во Белград (1982), а докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1991). Како редовен професор на Филозофскиот факултет (2003) ги предава предметите: историја на античката филозофија, историја на средновековната и ренесансната филозофија, арапска филозофија, еврејска филозофија и филозофија (општ курс), а во 1999 г. го воведе и предметот Византиска филозофија. Автор е на стотина објавени текстови од областа на историјата на филозофијата и филозофија на религијата. БИБ.: Филозофија на исихазмот, 1993; Филозофија исихазма, 1995; Византиска филозофија, 2001. ЛИТ.: Филозофски факултет во Скопје: 1920–1946–2006, Скопје, 2006, 223. В. Г.-П.