ГЕОГРАФИЈА РАЗВОЈ И ДЕНЕШНА СОСТОЈБА ВО РМ

ГЕОГРАФИЈА РАЗВОЈ И ДЕНЕШНА СОСТОЈБА ВО РМ -.Територијата на Македонија отсекогаш претставувала интересна сфера за географски описи и про-учувања. Географски податоци за Македонија има уште од античкиот период наваму. Во најголемиот дел се дескриптивни, но даваат податоци за населбите и населението, за социоекономската и културната положба. Од античкиот период (В в. пр.н.е.) карактеристичен е описот на Херодот за Македонија и за некои нејзини краеви, на пр. за Дојранското Езеро. Во првите векови од нашата ера името Македонија редовно било внесувано на географските карти. Повеќето географски податоци датираат од турскиот период. Драгоцени податоци оставиле патописците: Евлија Челебија, Хаџи Калфа, Едвард Браун и др. При крајот на ⅩⅠⅩ в. почнале да се публикуваат географски трудови со описи и проучувања на целата територија на Македонија или на одделни нејзини подрачја. Такви се трудовите на: Ст. И. Веркович (Топографическо–ƒтнографическиј очеркъ Македонии, С.-Петербургъ, 1889), Г. Петров (Материали по проучванието на Македони®, Софи®, 1896), В. К’нчовъ (ПŠтувание по долинит‹ на Струма, Места и Брегалница, „Сборник на народни умотворени®, наука и книжнина“, кн. 10–13, Софи®, 1894–1896), Царлоњитз (Геограпхие пхѕсиљуе де ла Мацéдоние, „Ревуе геограпхие интернатионале”, Г-е аннее, Парис, 1881) и како најкомплексна студијата на Ј. Цвииќ (Основе за географију и геологију Македоније и Старе Србије, И, Ⅱ и Ⅲ, Београд, 1906–1911). Во првата половина на ⅩⅩ в. биле интензивирани географските про-учувања на Македонија. Посебен придонес дала Катедрата за географија при Филозофскиот факултет, формирана во 1922 г. Биле поканети да предаваат географи како Петар Јовановиќ, Воислав Радовановиќ и Атанасие Урошевиќ, кои подоцна станале еминентни истражувачи и академици во САН. Со своите дела: „Глацијација Јакупице” (1928), „Рељеф Скопске Котлине” (1931) и др., П. Јовановиќ ги поставил основите на геоморфологијата, а В. РадоИстражувачи од Институтот за географија на терен вановиќ со трудовите „Тиквеш и Раец” (1924) и „Сеоска насеља у Јужној Србији” (1930) основите на антропогеографијата. Позначаен развој географијата доживува во втората половина на ХХ в. Главни носители се професорите од Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Покрај збогатените истражувања од традиционалните географски дисциплини, како геоморфологијата (Д. Манаковиќ), хидрографијата (М. Гашевски), регионалната географија (Ј. Трифуноски), се про-учуваат и нови области од географијата како: социјалната географија (М. Панов), аграрната географија (Т. Кондев), индустриската и туристичката географија (А. Стојмилов). Со воведувањето на постдипломските студии од областа на просторното планирање на Институтот за географија (1985), географските проучувања се ориентираат и кон планирањето и уредувањето на просторот на РМ. Со тоа географијата, покрај национална, добива и многу нагласена апликативна димензија. Се подготвуваат повеќе студии за просторниот план на Републиката и комплексни географски студии за планината Бистра, за Мариово, за Малеш и Пијанец, за Козјачијата и др. Во изминатиот период од областа на географијата се издадени три самостојни изданија: „Годишен зборник – географија” (37 тома), „Географски разгледи” (40 книги) и „Географски видик” (6 броја). Освен Институтот за географија, во Републиката функционира и Географско друштво, во кое членуваат повеќе од 1.000 географи. ЛИТ.: Тодор Кондев, Географски институт при Природно-математички факултет во Скопје во периодот 1946–1966, „Географски разгледи”, кн. 4, Скопје, 1966; А. Стојмилов, 40 години високошколска и научноистражувачка работа на Институтот по географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, „Годишен зборник на Институтот за географија при ПМФ”, кн. 30, Скопје, 1986. Ал. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.