ГЕМИЏИИ

ГЕМИЏИИ -. припадници на анархистичкиот Гемиџиски кружок во Солун. Биле под влијание на руските и ерменските анархисти од крајот на ⅩⅠⅩ в. Кружокот го раководел Јордан Попјорданов-Орцето (1881-1903), а негови членови биле и Милан Арсов (1879-1908), Георги Богданов (1878-1939), Тодор Богданов, Марко Бошнаков (1874-1908), Константин Кирков (1882-1903), Димитар Мечев-Мечето (1870-1903), Алексо Минов, Тодор Органџиев, Владимир Пингов (1883-1903), Илија Попјорданов, Начо Стојанов, Илија Трчков (1884-1903), Гоце Чанев, Унгарката Ана шапец, Павел шатев (1882-1951) и др. Тие правеле обиди со индивидуални акции да ја заинтересираат европската јавност за состојбите во Македонија и за нивна интервенција за ослободување од османлиското владеење. Тие биле и организатори и извршители на Солунските атентати (в) на францускиот брод „Гвадалкивир”, на Отоманската банка, на гасоводната инсталација за осветлување на градот, на австриската пошта и телеграфската станица (28. Ⅳ – 1. Ⅴ 1903). ЛИТ.: Д-р Крсте Битоски, Солунските атентати 1903, Скопје, 1985; Јован Павловски, Гемиџиите, Скопје, 1997. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.