ГЕВГЕЛИСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „САВА МИХАЈЛОВ

ГЕВГЕЛИСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „САВА МИХАЈЛОВ“ . (пл. Кожуф, првата половина на мај 1943 – 24. IX 1943) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од околу 50 Богданци. По нападот на с. Радња (17. В) на селаните им поделиле 2.800 кг реквирирано жито. Во содејство со Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“, презел повеќе политички и воени акции во Тиквешијата (25. В– 8. Ⅵ) – селата Драгожел, Праведник, шешково, Радња (3. Ⅵ, при што биле заробени 3 полицајци, запленети 8 пушки и друга воена опрема, а била запалена и општинската архива), Галиште, Дрен, Мал и Голем Радобил (4–10. Ⅵ). Во Јунската непријателска офанзива (7– 16. Ⅵ), поделен во групи, водел борби против надмоќните бугарски сили кај селата Дрен (9. Ⅵ), Никодин (10. Ⅵ) и Фариш, а потоа на патот Градско–Прилеп (11 и 12. Ⅵ). Бројно зголемен и зајакнат, влегол во составот на Народноослободителниот баталјон „Страшо Пинџур“. ЛИТ.: Одредите „Добри Даскалов“ и „Сава Михајлов“, „Просветена жена“, мај 1961, 3; Мито Теменугов-Железни, Борбениот пат на Гевгелискиот партизански одред „Сава Михајлов“, Гевгелија, 1968; В(ладо) Картов, Формирањето на Гевгелискиот партизански одред „Сава Михајлов“ и неговите воено-политички акции од мај до септември 1943, „Историја“, Ⅵ, 1, Скопје, 1970, 58-72; Васка Дуганова, Борбените акции на одредот „Сава Михајлов“ од 26 април до 24 септември 1943 година, Гевгелија и Гевгелиско во НОВ (април 1943 – мај 1945 год.), Гевгелија, 1982, 373-395; истата, Животот и дејствувањето на борците од одредот „Сава Михајлов“ во составот на баталјонот „Страшо Пинџур“ од 24 септември до 20 декември 1943 година, на истото место, 421-439; Ванчо, Кал’чев, Формирањето и воено-политичките акции на партизанскиот одред „Сава Михајлов“ до крајот на септември 1943 година, на истото место, 396-407. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.