ГЕБЛЕР, Хуго

ГЕБЛЕР, Хуго (Хуго Гаеблер) (1868-1947) – германски нумизматичар, одреден период работел во Кабинетот за нумизматика во Берлин. Проучувач и автор на повеќе трудови од античката нумизматика. Покажал посебен интерес за монетите и монетарните системи на Македонија и Пајонија, за чиешто истражување посветил поголем дел од неговото 50-годишно активно занимавање со нумизматиката. Иницирани во Пруската академија на науките, во 1906 и 1935 г. биле отпечатени неговите важни и сè уште актуелни два тома посветени на монетоковењето во Македонија и во Пајонија. БИБ.: Х. Гаеблер, Дие Антикен Мунзен Норд-Гриецхенланд, Македониа унд Паиониа, Ⅲ/1, Берлин, 1906; Дие Антикен Мунзен Норд-Гриецхенланд, Македониа унд Паиониа, Ⅲ/2, Берлин, 1935. П. Ј.

2019-01-05T19:46:43+00:00 0 коментари