ГАЌИ

ГАЌИ -. машка долна облека, изработена од бело памучно или мелезно платно. Во постудениот период од годината се носеле под чакширите или под туманите, а во топлите месеци претставувале составен дел на летната носија. Биле кроени со ногавици и седло. Во Кумановско, во горниот дел биле широки, а при дното се стеснувале, а се носеле наврчкани на гаѓникот, кој бил изработен од плетена волнена преѓа. На долниот дел на ногавиците биле китени со врзулки што завршувале со л’ски (пулови). Врзулките биле изработувани со игла, на која неколку пати бил намотуван конецот. Машките гаќи, оние поубавите и побогатите, биле китени со сорки (вид рачна тантела), што можеле да бидат изработени и во неколку бои. Овој дополнителен декоративен елемент (китло) се поставувал на крајниот дел од ногавиците, како завршок. Ј. Р. – П. Гордана Гацева -Богоева

2019-01-05T19:46:42+01:00 0 коментари