ГАЈТАН

ГАЈТАН – правоаголно парче платно, украсено со богат вез во техниката сокаечко, со стари метални пари, монистра, каури школки, како и со богат поткит од црни, црвени или бели волнени реси. Се носел на денот на свадбата како составен дел на сокајот, поради својата тежина, закачен со јадица за невестинскиот клашеник. Сл. Ѓ.

2019-01-05T19:46:40+00:00 0 коментари