ГАЈДА

ГАЈДА (мешница) – народен дувачки музички инструмент. Содржи резервоар за воздух од овча или козја кожа, на кој се прицврстени дувалото, гајдарката, брчалото и слагарчето. Таа е најзастапен инструмент со повеќекратна функција и намена, како придружник на песните и ората, но и за исполнување на соло гајдарски мелодии. Според големината, мелодискиот регистар и регионалната распространетост, во Македонија постојат високи (тиквешка, которска, рудничка и блатска), средни (полска и Штипска) и ниски гајди (мариовска). ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 96. Ѓ. М. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.