ГАРКАТА, Петре Филипович

ГАРКАТА, Петре Филипович (с. Гари, 80-тите на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. – Крушево, 1854) – еден од најистакнатите претставници на мијачката (дебарската) резба, кој потекнува од родот Филиповци од с. Гари во Мала Река. Патот на неговата наобразба и обука во резбарскиот занает се истражува врз основа на семејни преданија и стилска анализа на бројни иконостаси на територијата на Света Гора, Грција, Албанија и Македонија во текот на ⅩⅤⅠⅠⅠ и раниот ⅩⅠⅩ в. Карактеристиките на неговата работа – нагласено присуство на човечки, растителни и животински фигури обликувани во згуснат простор, со скусени пропорции, како и специфичната архитектоника на иконостасите што ги изработил – се препознаваат во постарите резби на епирските зографи, распространети најмногу во северозападна Грција, во Албанија и во Македонија во ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Со сигурност се знае дека дело на неговата тајфа се иконостасите во црквата на Лесновскиот манастир (1814), во „Св. Спас” во Скопје (1824), „Св. Ѓорѓи” во Призрен (1829) и во Бигорскиот манастир (1835). Се смета дека соработувал при изведбата на иконостасот во црквата „Св. Богородица” во Скопје (ок. 1840), во Рилскиот манастир (1841-1842), во „Св. Благовештение” во Прилеп (по 1838). Последното остварување бил иконостасот во црквата „Св. Никола” во Крушево, која е запалена во 1903 г. ЛИТ.: А. Василиев, Български възрожденски майстори, София, 1965, 233-240; Д. ќорнаков, Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ и ⅩⅠⅩ век, Прилеп, 1986; И. Гергова, За происхода на Дебарската църковна дърво-Петре Филипович Гарката, сцена од егзекуцијата на Св. Јован, резба на иконостасот во манастирот „Св. Јован Бигорски“ резба, „Македонски преглед”, 3, София, 1994, 91-104; Д. ќорнаков, Петре Гарката, Скопје, 1998. В. П.-К.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.