ГАРЕВСКИ, Михаил

ГАРЕВСКИ, Михаил (Скопје, 1951) – градежен инженер, редовен професор. Градежниот факултет го завршил во Скопје, маМихаил Гаревски гистрирал во ИЗИИС и докторирал на Универзитетот во Бристол, Велика Британија. Како познат научник од областа на земјотресното инженерство, автор е на повеќе од 130 научни и стручни труда. Со повикани предавања учестувал на повеќе научни собири и бил визитинг-професор на повеќе странски униврзитети. Бил директор на два меѓународни проекта на НАТО од програмата „Наука и Мир”. Бил координатор и директор на меѓународниот курс за земјотресно инженерство. Претседател е на Македонското друштво за земјотресно инженерство и на Друштвото по механика на Македонија. Член е на повеќе македонски и меѓународни асоцијации. Еден од основачите на Меѓународната асоцијација за антисеизмички системи. Бил претседател на организационите комитети на две меѓународни конференции: „Скопски земјотрес – 40 години од европското земјотресно инженерство” и „Земјотресното инженерство во ⅩⅪ в.”. Во моментов е директор на ИЗИИС и член на Универзитетската управа. Бил претседател на Управниот одбор на Фондот за доделување на наградата „13 Ноември” на градот Скопје. К. Тал. Ристо Гаревски

2019-01-05T19:46:41+00:00 0 коментари