ГАРВАНОВ, Иван

ГАРВАНОВ, Иван (Стара Загора, Бугарија, 1869 – Софија, 28. XI 1907) – Бугарин по националност, претседател на ЦК на ТМОРО (1901–1903), главен иницијатор за одлуката за востание (1903). Дипломирал физика и математика во Софија (1892). Специјализирал во Виена. Професор во Солунската егзархиска гимназија (1894–1903). Претседател на Бугарското тајно револуционерно братство (1897– 1899). Одржувал врски со Бугарската влада, со Егзархијата и со ВМК. По распуштањето на Братството (IX 1899) кооптиран за член на Солунскиот окружен комитет. По Солунската провала (И 1901) станал претседател на ЦК на ТМОРО. Есента 1902 г. со задграничните претставници Христо Матов и Христо Татарчев презеле акција за кревање востание во Македонија. Под негово претседателство е одржан Солунскиот конгрес на ТМОРО (2-4/15-17. Ⅰ 1903), на кој била донесена одлука за востание. По Солунските атентати бил уапсен и осуден на доживотно заточеништво. По амнестирањето (1904) се вратил во Бугарија и работел како предавач во Военото училиште. Дејствувал по инструкции од Бугарската влада. Осуден од Организацијата, бил убиен заедно со Борис Сарафов во Софија. ИЗВ.: Спомени на Дамянъ Груевъ, Борисъ Сарафовъ и Иванъ Гарвановъ. СъобÈава: Л. Милетичъ, София, 1931. В. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.