ГАЛОГАЖА, Стефан

ГАЛОГАЖА, Стефан (Пониква кај Топуско, 20. Ⅱ 1893 – логор Јасеновац, по 1. Ⅹ 1944) – хрватски писател и публицист. Завршил правен факултет во Париз (1919), а подоцна му пристапил на комунистичкото движење (1928), поради што повеќе пати бил апсен. Како уредник на литературното сп. „Критика“ (Загреб, 1928), ги објавил првите Рацинови текстови – прозниот прилог „Резултат“ и песната „Синови глади“, а како уредник на сп. „Литература“ (Загреб, 1932), и првите одломки од неговиот роман „Опиум“. Поради оваа соработка и меѓусебната преписка, бил опфатен во партиската провала на Обласниот комитет на КПЈ за Македонија и затворен заедно со македонските комунисти (1934). Подоцна бил уапсен од усташките власти (1941) и убиен во логорот Јасеновац. ЛИТ.: К. Рацин, С. Галогажа: Новеле, Ⅱ издање. Наклада ›елапа-Загреб, „Снага“, ИВ, 5, Сарајево, 1931, 77; Радивое Пешиќ, По трагите на Рациновиот „Афион“, „Културен живот“, ⅩⅤ, 8-9, Скопје, 1970, 16-17; Д-р Блаже Ристовски, Кочо Рацин. Историско-литературни истражувања, Скопје, 1983. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.