ГАЛИ

ГАЛИ (Келти) – палеоевропска популација (етнички супстрат на европските народи) од индоевропско потекло. Првобитно живееле по Горна Рајна (ги нар. Келти), од каде воⅤв. пр. н.е. се преселиле во Иберија, Британија и во Галија (Грците ги нар. Галати, а Римјаните Гали). Во Ⅳ в. пр. н.е. го нападнале Балканот (310 г. пр. н.е., кралот Касандар ги поразил кај пл. Хемус), навлегле во Македонија до Делфи, од каде што едни отишле во Мала Азија, а други се вратиле кон реките Сава и Дунав (280–279 г. пр. н.е.). ЛИТ.: Е. Петрова, Келтите во првиот милениум пр. н.е. и нивните навлегувања во Македонија и на Балканот, „Историја”, ЏЏЏВИ/1-2, Скопје, 2000; Х. Биркхан, Дие Келтен, Виенна, 1997. Б. Петр. Евангелистот Матеја, икона од работилницата на Михаил и Евтихиј, Галерија на икони во Охрид (ок. 1295) Бутрос Бутрос Гали

2019-01-05T19:46:40+00:00 0 коментари