ГАЛИЧИЦА

ГАЛИЧИЦА – висока планина сместена во крајниот југозападен дел на Република Македонија која во форма на типичен хорст се издига помеѓу Охридската Котлина на запад и Преспанската на исток. На север продолжува во планините Петри-но и Исток, а со превалот Буково (1.207 м) морфолошки е одвоена од Плакенска Планина. Има меридијански правец на протегање со должина од 50 км, најмалата широчина е помеѓу с. Трпејца и с. Планината Галичица Лескоец (10 км). На Галичица само крајните јужни делови се издигаат над 2.000 м. Овој дел е познат под името Стара Галичица. Највисок врв е Магаро (2.255 м), а на самата граница со Албанија се наоѓа врв со височина од 2.275 м. Богатството со најразновидни геоморфолошки форми и ендемичниот растителен и животински свет придонесоа дел од Галичица во 1958 г. да биде прогласен за Национален парк. ЛИТ.: Т. Андоновски, Д. Колчаковски, Геоморфологија на Пелистер и Галичица, „Природно-географски и социоекономски истражувања”, проект во ракопис, Скопје, 1990. Т. Анд.