ГАГАУЗИ

ГАГАУЗИ – турско население по потекло од старите турски племиња Огузи, единствена турска племенска групација што ја примила христијанската вера. Во средината на XI в. се населиле по брегот на Дунав. Пред примањето на христијанството нивната религија била многубоштвото. Во ⅩⅠⅠⅠ в., потиснати од Монголите, се населиле во христијанските земји, каде го примиле христијанството. На територијата на Македонија живееле во Сер, Бер и во др. градови. ЛИТ.: М. Сертоглу, Ресими османлж тарихи ансиклопедиси, Истанбул, 1958. Ј. Јан.

2019-01-05T19:46:39+01:00 0 коментари