ГАБРО – длабинска магматска карпа од групата на габровите и базалтите. Има зрнеста структура, а текстурата е најчесто масивна. Изграден е од следните минерали: базични плагиокласи, моноклинични пироксени и оливин, а како акцесорни минерали се појавуваат илменит, апатит и магнетит. Многу е честа појавата на секундарни минерали во габровите, како што се: сосирит, уралит, сфен, епидот, калцит, хлорид. Габрото обично се појавува во поголеми магматски тела, има темнозелена до црна боја. На подрачјето на Република Македонија габрови се појавуваат во рамките на офиолитската секвенца на океанската кора во комплексот Демир Капија–Гевгелија. ЛИТ.: Б. Боев, С. Лепиткова, Петрологѕ оф тхе Демир Капија–Гевгелија опхиолите цомплеџ, Панкарди, 15-19, Сопрон, 2001. Бл. Б.