ВУЛКАНСКИ ОБЛАСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

ВУЛКАНСКИ ОБЛАСТИ ВО МАКЕДОНИЈА. На терените на Македонија, интензивна вулканска дејност се вршела во времето на протерозоикот, во јурскиот и терциерниот период. Од протерозоиска старост вулканско-седиментна област претставува метагабро-дијабазен комплекс, наречен и дијабаз-филитоидна формација од рифеј-камбриска старост, кој е распространет на Осоговско-малешевските Планини и Плачковица. Остатоци од една мошне широко распространета јурска вулканска област на просторот на Вардарската зона денес се сочувани во офиолитскиот масив Демир КапијаГевгелија, кај Клепа–Велешко и кај Липковско на Скопска Црна Гора. Карпестите маси се тип на океанска кора, изградена во долните нивоа од разновидни габрови, преку кои лежат масивни базалти и пилола-Вулканската карпа „Раткова Скала” на Осогово ВУЧИДОЛОВ ви од спилит-базалти. Со терциерната магматска активност се создадени Кратовско-злетовската вулканска област, во источните делови на Вардарската зона, појасот ТораницаСасаДелчевоПехчево и помалата Бучим-боровдолска вулканска област. Сите се од горно-олигоценска – средно-миоценска старост, и изградени се од андезити, латити, кварцлатити. Со овој вулканизам се создадени олово-цинкови, златоносни, бакарни и неметални наоѓалишта (ЗлетовоДобрево, Саса, Тораница, Бучим). Кожуфската вулканска област е од мио-плиоценска старост, има андезит-латитски и кварцлатитски состав и во неа се јавуваат оруднувања на антимон, арсен, талиум, злато и вулкански стакла. Н. Дум.