ВУЛКАНСКИ КАРПИ

ВУЛКАНСКИ КАРПИ – магматски карпи кои имаат порфирска структура, а текстуртите им се обично масивни или пак флуидални. Во оваа група се издвојувуваат карпите: риолити, трахити, андезити, латити, кварцлатити, базалти и пикрити. На подрачјето на Република Македонија вулкански карпи се појавуваат во раз-Вулканска карпа од Кратово лични геолошки формации и тоа како постари така и помлади. Постарите вулкански карпи обично се нарекуваат палеотипни вулкански карпи, а помладите кенотипни вулкански карпи. Од групата на палеотипните вулкански карпи на подрачјето на Република Македонија се застапени риолититите, во Српско-македонската маса од кенотпините вулкански карпи се присутни латитите, кварцлатитите, андезитите, трахитите, трахибазалтите и риолитите во кенозојските вулкански подрачја. Овие вулкански подрачја се следните: Кратовско-злетовска вулканска област, главно претставена со латити, кварцлатити, андезити, андезит базалти; Кумановскомладонагоричанска вулканска об-ласт (базалти и трахибалзати); Бучим-боровдолска вулканска об-ласт (латити, кварцлатити, трахити); Кожуфска вулканска област (трахибазалти, андезити, латити, кварцлатити, риолити, трахити); Коселско-охридска вулканска об-ласт (латити, андезити); Дојранска вулканска област (трахити, риолити); Саса-тораничка вулканска област (латити, кварцлатити, ламорфири). За кенотипните вулкански карпи на подрачјето на Република Македонија се поврзани и минерализациите и оруднувањата на бакар, злато, олово-цинк, арсен, антимон, талиум и др. Староста на кенотипните вулкански карпи е одредена како миоценскоплиоценска, а на подрачјата на Кожуф и Младо Нагоричане како плеистоценска.

2019-01-05T19:45:16+01:00 0 коментари