ВУЕВИЌ, Павле

ВУЕВИЌ, Павле (Рума, 22. Ⅷ 1881 – 17. XI 1966) – српски географ. Основно училиште и гимназија завршил во Нови Сад. Физичка географија, геологија и метеорологија студирал во Виена, каде што по дипломирањето ја одбранил докторската дисертација „Тиса – потамолошка студија” (1904). По покана на Јован Цвииќ во 1907 г. доаѓа во Белград, каде што на Филозофскиот факултет бил избран за доцент по предметите Климатологија и Метеорологија. Во 1919 г. бил избран за вонреден професор, а 1921 г. за редовен професор. Бил шеф на Катедрата за метеорологија на ПМФ во Бел-град, управник на Географскиот институт „Јован Цвииќ” при САНУ, редовен член на САНУ, почесен доктор на Виенскиот универзитет и доживотен почесен претседател на Српското географско друштво. Објавил повеќе значајни научни трудови и универзитетски учебници, главно од областа на метеорологијата и хидрологијата. Некои од нив претставуваат класични дела во науката. БИБ.: О поднебљу Скопске котлине, „Гласник Скопског научног друштва”, књ. Ⅹ, 1931; ПореÚење поднебља у Охридској и Битољско-прилепској котлини, „Гласник географског друштва”, св. ⅩⅠⅩ, Београд, 1933; Клима Македоније, „Ⅱ Конгрес на географите од ФНР Југославија”, Скопје, 1951. ЛИТ.: Душан Дуки, Живот и рад Павла Вујевића, „Гласник Српског географског друштва”, ЏЛВИ, 2, Београд, 1966. Ал. Ст. ВУЗЕВСКИ, Воислав Душанов

2019-01-05T19:45:15+01:00 0 коментари