ВТОРИ КУМАНОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ-КАРПОШ

ВТОРИ КУМАНОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ-КАРПОШ“ . (с. Бајловце, Кумановско, 22. Ⅱ 1944 – с. Жегљане, Кумановско, 26. Ⅱ 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ, познат и како Прв ударен баталјон. Бил формиран од бројно нараснатиот Први кумановски НО баталјон „Јордан Николов-Орце” на околу 250 борци и новопристигнатите борци од Кумановско. Постоел само четири дена, бидејќи при формирањето на Третата македонска НОУБ влегол во нејзиниот состав. ИЗВ.: Куманово и Кумановско во НОВ 1941-1945. Документи, Куманово, 1988.ЛИТ.: Спомен зборник на загинатите борци од НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Куманово и Кумановско 1941-1945, Куманово, 1976, 178. С. Мл.