//ВТОРИ КРУШЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

ВТОРИ КРУШЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

ВТОРИ КРУШЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (Крушевско, почетокот на јуни 1944 – слободно Крушево, 9. IX 1944) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Одредот нараснал на околу 400 борци (август 1944). Кај с. Дивјаци (Крушевско) ја разоружал бугарската гранична караула и запленил 98 пушки и друго вооружување (2. IX), а по неколку дена го ослободил и градот Крушево (8. IX). Наредниот ден од него и од новопристигнатите борци била формирана Петнаесеттата македонска (крушевска) НО бригада. ЛИТ.: Крушево, Скопје, 1977; Македонија од устанка до слободе 1941-1945 (Зборник радова), Београд, 1987. С. Мл.

2019-01-05T19:45:15+00:00 0 коментари