ВТОРИ КОСОВСКО-МЕТОХИСКИ БАТАЛЈОН „БОРИС ВУКМИРОВИЌ“ . (пл. Дајти, Албанија, 20. IX 1943 – с. Сливово, Охридско, 11. XI 1943). Бил формиран од 140 припадници на НОД од Косово и Метохија и од Македонија ослободени од тиранскиот затвор и од логорот Порто Романо (кај Драч) по капитулацијата на Италија. По десетдневни воени вежби, се упатиле кон Дебар (почеток на октомври). Во Дебарца им се приклучиле и околу 40 борци на шарпланинскиот НОПО. Учествувал во ослободувањето на Кичево (1. XI) и во борбите со германско-балистичките сили на пл. Буковик, Кичевско (1-6. XI). При формирањето на Првата македонско-косовска НОУБ, баталјонот влегол во нејзиниот состав. ИЗВ.: Кичево и Кичевско во НОВ 1941– 1945. Документи, Кичево, 1985.ЛИТ.: Бригада на братството и единството, Првата македонско-косовска ударна, Скопје, 1958; Душан Ристоски, Хронологија на настани од народноослободителната војна 1941-1945 година во Кичево и Кичевско, второ дополнето издание, Кичево, 1984; Македонија од устанка до слободе 1941-1945, (Зборник радова), Београд, 1987; Д-р Марјан Димитријевски, Македонската војска 1944–1945, ИНИ, Скопје, 1999, 66. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.