//ВТОРИ БАТАЛЈОН НА ТРЕТАТА ОПЕРАТИВНА ЗОНА НА НОВ И ПОМ

ВТОРИ БАТАЛЈОН НА ТРЕТАТА ОПЕРАТИВНА ЗОНА НА НОВ И ПОМ

ВТОРИ БАТАЛЈОН НА ТРЕТАТА ОПЕРАТИВНА ЗОНА НА НОВ И ПОМ . (пл. Кајмакчалан, 30. Ⅹ – 20. Ⅻ 1943) – воена единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од 113 борци на НО баталјон „Страшо Пинџур”, новопристигнати борци од Тиквешијата и Гевгелиско, работници од рудникот Дудица и Италијанската чета „Гарибалди”од 28 борци. Упатувајќи се кон Велешко, водел борба со бугарското обезбедување кај с. Витолиште (3. XI), ги уништил бугарските полициски станици во селата Полчишта (4. XI), Клиново (Мариовско, 6. XI) и архивата на Општината во Плетвар. Бидејќи не дошло до планираното поврзување со Првата македонско-косовска НОУБ, од безбедносни причини, се вратил на пл. Кожуф и влегол во состав на Втората македонска НОУБ. ИЗВ.: Тиквешијата во НОВ 1941-1945. Документи, книга шеста, Кавадарци-Неготино, 1984. ЛИТ.: Тиквешијата во НОВ 1941-1945. Партизански одреди и воени единици, (Материјали од Научниот собир одржан на 21 и 22 јуни 1982 год. во Кавадарци), Кавадарци-Неготино, 1984; Македонија од устанка до слободе 1941-1945. (Зборник радова), Београд, 1987. С. Мл.

2019-01-05T19:45:15+01:00 0 коментари