ВТОРА ОПЕРАТИВНА ЗОНА на НОБ на Македонија

ВТОРА ОПЕРАТИВНА ЗОНА на НОБ на Македонија (1943) – формирана со наредба на Гш на НОВ и ПОМ во март 1943, а почнува да функционира од 20 мај 1943 г. Зоната го опфаќа просторот јужно од линијата ДебарКичево–Брод–Богомила и западно од железничката линија БогомилаПрилепБитола, со градовите: Струга, Охрид, Ресен, Битола, Прилеп и Крушево и нивните околии. штабот на Зоната извршил реорганизација на постојните партизански одреди и формирал нови, спроведувал мобилизација на нови борци и ги организирал сите военозаднински установи (команди на местата, селски и реонски стражи, соработувал со селските НОО) во согласност со директивите на Гш на НОВ и ПОМ. Во август 1944 г. била реорганизирана и малку просторно проширена. Во почетокот на октомври 1944 г. била преименувана и територијално реорганизирана во Втора корпусна област на НОВ и ПОМ. ЛИТ.: Миле Михајлов, Военозаднинските органи во Народноослободителната војна на Македонија (1941 – 1945), Скопје, 1992. М. Мих.