//ВРЧАКОВСКИ, Миодраг Радивоев

ВРЧАКОВСКИ, Миодраг Радивоев

ВРЧАКОВСКИ, Миодраг Радивоев (Штип, 27. XI 1946) – радио-лог, редовен проф. на Мед. ф. Основно образование завршил во Штип, а средно и Мед. ф. (1971) во Скопје. Специјалист по радиологија од 1977, а докторат по медицински науки одбранил во 1987 г. и станал наставник по радиологија на Мед. ф. во Скопје. Посебна специјалност му е неврорадиологијата, од која објавил над 150 трудови, како и две книги. Бил директор на Радиолошкиот институт. Познат и со композиторска музичка активност. Н. П.-Ј.

2019-01-05T19:45:14+00:00 0 коментари