ВРЕТЕНАРОВ, Динчо

ВРЕТЕНАРОВ, Динчо (с. Оваја, Серско, ? – Петричко, IX 1924) – војвода на ВМРО. По Првата светска војна бил војвода на ВМРО во Светиврачка околија, близок соработник на А. Василев. Поради учеството во убиството над Т. Александров, бил ликвидиран во времето на горноџумајските убиства во Петричко од ВМРО на Ив. Михајлов. ЛИТ.: Атанас Џолев, Спомени. Премрежињата на македонското револуционерно движење. Предговор и редакција проф. д-р Зоран Тодоровски, Скопје, 2003. З. Тод. Вилинско коњче (Анаџ император Леацх.)

2019-01-05T19:45:14+00:00 0 коментари