ВРГАЊ

ВРГАЊ . (Болетус едулис с.л.) – сложен термин што се однесува на повеќе видови габи од комплексот Болетус едулис с.л. Многу е чест во буковите и во дабовите шуми во Македонија. Се користи за исхрана и масовно се собира за продажба, а посебно за извоз. Поради прекумерна експлоатација, во последно време е сè поредок. М. К.

Напишете коментар