ВРАПЧИШТЕ

ВРАПЧИШТЕ – село во Гостиварско. Се наоѓа во јужниот дел на Полошката Котлина, во југоисточното подножје на шар Планина, на надморска висина од околу 580 м. Преку регионален пат на запад е поврзано со Гостивар, а на североисток со Тетово. Има 4.874 ж. од кои 172 ж. се Македонци, 2.899 ж. Турци и 1.777 ж. Албанци. Населението се занимава со одгледување на житни и градинарски култури и овоштарство. Тоа е седиште на општина која зафаќа површина од 15.798 ха, има 15 населени места со 25.399 ж. Во селото има осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.