ВРАЖАЛСКИ, Никола

ВРАЖАЛСКИ, Никола (Кочани, 12. Ⅴ 1914 – Скопје, 1997) – правник, јавен обвинител на НРМ и пратеник. Правен факултет завршил во Белград (1940). Член на АСНОМ и организатор на НОО во Кочани (1944). Народен пратеник во Уставотворното собрание на НРМ од Кочанска околија, член на Уставотворниот одбор за поготовка на Уставот на НРМ од 1946 г. и јавен обвинител на НРМ (1946-1948). Потоа бил испратен на Голи Оток како информбировец. ИЗВ.: Јавното обвинителство во Република Македонија, Скопје, 2000. Св. ш. Танас Вражиновски

2019-01-05T19:45:13+00:00 0 коментари