ВОЈДАНОВ, Смиле

ВОЈДАНОВ, Смиле (с. Лактиње, Охридско, 1. Ⅱ 1872 – Понтијак, САД, 4. Ⅲ 1958) – илинденски реонски војвода и културно-национален деец сред македонската емиграција во САД. Учел во Ки-Смиле Војданов чевскиот манастир и потоа учителувал во родното село и во Сливово. Активно се вклучува во МРО (1897) и како реонски војода во охридска Дебрца води повеќе битки со турските војски. По поразот на Илинденското востание емигрира во САД и се вклучува во македонските емигрантски органицазии. Во септември 1929 г. 14 илинденци (заедно со Г. Н. Зајков од Банско) ја формираат првата Македонска прогресивна група во Понтијак, која потоа прераснува во Македонски народен сојуз во САД и Канада (подоцна Македонско-американски народен сојуз во САД и Канада), со Централен комитет, чиј претседател е С. В., а секретар Гео Пирински. Ги издаваат централните органи на МНС (МАНС) со јасно дефинирана национална концепција во меѓувоениот период со соработници од сите делови на Македонија: „Македонски б•летин“, „Балканско сдружение“, „Трудова Македония“, „Народна воля“ и др. Потпишува значајни документи за македонското движење, па и лични спомени за Илинден. Со уште два члена оди во меѓународна мисија во Бугарија за да им се помогне при судењето на 14 „македонски националреволуционери“ (јули 1936). Воспоставуваат тесна соработка со А. Динев и неговите „Македонски вести“. Го образува и го води Американскиот словенски комитет во времето на Втората светска војна (1941–1945), а потоа е иницијатор и еден од главните членови на Комитетот за изградба на Државната болница во Скопје. ИЗВ.: „Македонски бÓлетин“ (Понтијак, 1930-1931), „Балканско сдружение“ (Детроит, 1931–1934), „Трудова Македония“ (Детроит, 1934–1938), „Народна воля“ (Детроит, 1938–1978); годишни конгресни зборници на МНС (1931-1940); Георгѕ Пиринскѕ, Фор а фрее Мацедниа, Нењ Ѕорк, с.а.; Гео Пирински, Какво видях и преживях в Америка, София, 1970. ЛИТ.: Миле Михајлов, Македонскиот народен сојуз во Соединетите Американски Држави и Канада од 1928 до 1935 год., зб.: Иселеништво народа и народности Југославије и нјегове узајамне везе с домовином, Загреб, 1978; Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација, 2, Скопје, 1983, 511–528; Тодор Чепреганов, Националните пројави на македонската емиграција во Соединетите Американски Држави, зб.: Македонското научно-литературно другарство и неговиот континуитет до основањето на Македонската академија на науките и уметностите. Прилози од Научниот собир…, МАНУ, 1997, 269–278; Блаже Ристовски, Столетија на македонската свест. Истражувања за културнонационалниот развиток, Скопје, 2001, 588–655. Бл. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.