ЃОРЃИ ВОЈТЕХ

ВОСТАНИЕ НА ЃОРЃИ ВОЈТЕХ (1072 – 1073) – востание против византиската власт. Го кренале скопските благородници на че-ло со Ѓорѓи Војтех. Востаниците побарале помош од Дукља/Зета, чија владејачка династија била роднински поврзана со македонската династија на царот Самуил. Зетскиот владетел Михаил им испратил на помош триста војници, на чело со синот Константин Бо-дин, кој во Призрен бил прогласен од востаниците за цар. Предводени од Војтех и од Бодин, востаниците кај Призрен ја поразиле византиската војска и го заробиле скопскиот дукс. По оваа победа Востанието зело уште поголем замав. Востаничката војска напредувала во три правци. Ѓорѓи Војтех го ослободил Скопје, Бо-дин се упатил на исток кон Нишката област, а зетскиот војсководец Петрило продрел на југ, кон Охрид, Преспа и Девол. При оби-дот да го освои Костур доживеал тежок пораз и едвај успеал да се врати во Зета. Византијците успеале да се соземат од почетните неуспеси, ги консолидирале своите редови и поминале во напад. Ус-Територијална карта на Востанието на Ѓорѓи Војтех пеале да го вратат Скопје, а во решавачката битка на Косово Поле, кај местото Паун, катастрофално ја поразиле востаничката војска. Константин Бодин и Ѓорѓи Војтех паднале во заробеништво, на патот кон Цариград Војтех починал. Набргу потоа биле ликвидирани и последните востанички упоришта. Во задушувањето на Востанието учествувале и наемнички војски, составени од Алемани и Франки, кои ги разрушиле дворците на македонските владетели во Преспа, како и тамошниот христијански храм. ЛИТ.: С. Лишев, Към въпроса за неуспеха на въстанието в Македония през 1072, „Исторически преглед”, 1 (1956). К. Аџ.