ВОНРЕДНО ШКОЛУВАЊЕ

ВОНРЕДНО ШКОЛУВАЊЕ – начин на учење, односно студирање без задолжително посетување на наставата и на другите образовни форми на редовното школување. Вонредното школување програмски не се разликува од редовното. Разлика постои само во начините на совладувањето на програмските содржини и во должината на времетраењето. Овој начин на стекнување образование е повеќе карактеристичен за високото отколку за средното образование. Освен на неколку факултети (Медицински, Стоматолошки, Архитектонски и на некои оддели), на сите други факултети постојат можности за вонредно студирање. Вонредното школување е регулирано со законите за основно, средно и високо образование и со статутите на соодветните образовни установи. ЛИТ.: К. Камберски, Од буквар до универзитет, Скопје, 1994. К. Камб. Павле Воскопулос