ВОЛКАНОВ, Михајло

ВОЛКАНОВ, Михајло (Призрен, 16. Ⅴ 1941) – архитект. Дипломирал на Архитектонско-градежениот факултет во Скопје (1967). Докторирал на Архитектонскиот факултет при Техничкиот уни-Михајло Волканов верзитет во Дрезден, Германија (1979). Редовен професор е на Архитектонскиот факултет во Скопје – проектирање на општествени згради. Неговото творештво опфаќа широк дијапазон на архитектонското проектирање, посебно на спортски објекти. Покрај со наставна и со научноистражувачка дејност, се занимава и со публицистика. Позначајни реализирани објекти: Дом на пензионери во Скопје (1980, со С. Брезоски и М. Гулески); затворниот пливачки базен „Чаир“ во Скопје (1981); спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје (1982); спортската сала „Расадник“ во Скопје (1983), како и неколку станбени објекти во Скопје. ЛИТ.: С. Брезоски, школски објекти 1968–73 во Скопје, Скопје, 1975; Студија за просторите за слободно време како урбана форма на човековата животна средина, Зборник на Архитектонскиот факултет, 2, Скопје, 1978, 87–96; Планирањето, проектирањето, изградбата, опременоста, искористувањето, управувањето и одржувањето на објектите од физичка култура, РСИЗ за физичка култура на Македонија, Скопје, 1989; Објекти за спорт и рекреација, „50 години Архитектонски факултет“, монографија, Скопје, 1999. Кр. Т.

2019-01-05T19:45:12+00:00 0 коментари