ВОКА, Нуредин Реџеп

ВОКА, Нуредин Реџеп (Вока, Нуредин Реџхеп) (с. шипковица, Тетовско, 1847 – Истанбул, 1917) – илуминист. Основно училиште завршил во Тетово, медреса во Призрен, а дипломирал на Теолошкиот факултет во Истанбул. Објавил еден буквар на албански јазик и две читанки со турскоарапско писмо. Значајно е неговото дело „Мислења“ со филозофско-педагошка содржина. Во 1903 г. од страна на турската администрација е назначен за му-фит во Битола. ЛИТ.:Авзи Мустафа, Фигура мшсуесисх схљиптарш, Тетовш, 1995. А. П.

2019-01-05T19:45:12+01:00 0 коментари