ВОЗНЕСЕНИЕ, СВ – црква на река Отиња (Штип)

ВОЗНЕСЕНСКИ „Св. Вознесение” („Св. Спас”), Штип (1369)

„ВОЗНЕСЕНИЕ, СВ.“–еднокорабна црква со полукружен свод, изградена на левиот брег на река Отиња (Штип). Средствата за градбата ги обезбедил војводата Димитрие во 1369 г. Градена е од делкан камен и од малтер. Непознатите мајстори-градители при изградбата особено внимание £ посветиле на северната фасада, обликувана со три длабоки ниши. Во средната ниша се наоѓа бифорен прозорец што го осветлува просторот во внатрешноста на црквата. На ѕидовите се наоѓа живопис во два слоја. Првиот е од времето на ѕидањето (1369), а вториот од времето на обновата (1601). Непознатиот зограф на живописот од ⅩⅣ в. несомнено спаѓал во редот на талентираните зографи, кои покрај тоа што солидно ги знаат тајните на зографскиот занает имале познавања и од сложената иконографија, за што сведочи зачуваната композиција на Светото неразделно тројство (во кружен диск Архангел со три глави, а на страните од дискот претстави на четирите евангелисти). Јован, авторот на вториот слој од живописот (од 1601), го оставил својот потпис во рамките на натписот на западниот ѕид. Неговото сликарство се карактеризира со солиден цртеж и со богат колорит. Во 1971 г. е извршено чистење и конзервирање на фрескоживописот. ЛИТ.: В. Петковић, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950; К. Балабанов, Постојана галерија на икони во црквата „Успение на св. Богородица“ во Ново СелоШтип, Штип, 1972. К. Б. Андреј Вознесенски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.