//ВОЗДУХОПЛОВСТВО ВО РМ

ВОЗДУХОПЛОВСТВО ВО РМ

ВОЗДУХОПЛОВСТВО ВО РМ. Првите аероклубови се основани во Скопје (1923), Штип, Кочани и Радовиш (1925), а во Гевгелија, Кавадарци, Куманово, Охрид, Дебар, Гостивар, Тетово, Битола (по 1928). Аероклубот во Скопје набавил неколку авиони (од 1925–1937). Аеромитинзи биле одржувани по градовите (од 1926). Во Скопје е создадена Моделарска работилница под раководството на Љубомир Тевчев (1936) и Едриличарска школа (1937), а се организирани и курсеви за моторни пилоти (од 1939). Првиот скок со падобран го извел Александар Трајковиќ во Скопје (1936). По ослободувањето е основано Воздухопловно друштво во Скопје (1945) на чело со Џелал Чинара. Била обновена активноста на Моделарската работилница, Едриличарската школа и на клубовите во Битола, Куманово, Штип, Велес и Прилеп, а бил формиран и Едриличарски сојуз на чело со Блаже Трошановски (1946). Воздухопловниот сојуз на Македонија е примен во членство на Меѓународната воздухопловна федерација (ФАИ, 1993). Низ организациите поминале повеќе од 80.000 членови, од кои 24.000 биле оспособени за воздухопловно и ракетно моделарство, повеќе од 5.000 падобранци, 3.200 едриличари и 800 моторни пилоти. Некои од нив постигнале врвни резултати на домашните и на меѓународните натпревари. Лит.: Александар Ачковски, Историја на воздухопловството, Скопје, 1996. Д. С.

2019-01-05T19:45:12+01:00 0 коментари