//ВОЕНИ СУДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

ВОЕНИ СУДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

ВОЕНИ СУДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА – првпат биле предвидени во Правилата (Уставот) на Македонскиот востанички комитет (1878). Во времето на Крушевската Република (1903) бил формиран Револуционерен суд надлежен да им суди на предавниците. Во текот на НОБ биле донесени Наредба за формирање на заднинските воени власти и Наредба за устројство и надлежност на воените судови од страна на Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ (1942). По Втората светска војна воените судови во ДФМ/НРМ/СРМ имаа одлики на редовни специјализирани судови кои судеа за кривични дела што ги сториле воените лица. Овие судови беа надлежни и за судење на цивилни лица ако за време на војната или воената состојба сториле кривични дела што ја слабеат воената одбрана или безбедноста на земјата, или дела во врска со службата во армијата. ЛИТ.: Љупчо Арнаудовски, Правосудството во Македонија, Скопје, 1997. Гор. Л.-Б.

2019-01-05T19:45:11+00:00 0 коментари