//ВОЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НОБ во Пиринскиот дел на Македонија

ВОЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НОБ во Пиринскиот дел на Македонија

ВОЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НОБ во Пиринскиот дел на Македонија (1941–1944) – оружената борба била организирана и раководена од Окружниот комитет на БКП за Пиринскиот крај (до септ. 1941) на чело со Гроздан Николов. Одговорен по воените прашања бил Никола Калапчиев, а потоа Никола Парапунов (IX 1941–9. Ⅻ 1943). По формирањето на Востаничко-оперативните зони (ВОЗ) на Народноослободителната востаничка армија на Бугарија (НОВА) Пиринскиот дел влегол во составот на Ⅳ ВОЗ, а партизанските единици (чети и одреди) ги раководело воено раководство (штаб во состав Арсо Пандурски и Дончо Лисијски), со седиште во Горна Џумаја (до 9. Ⅻ 1943, односно до 29. Ⅰ 1944). По нивното загинување командант на штабот на Зоната бил И. Тричков, а седиштето било преместено од Горноџумајско во Разлошко и задржано до септ. 1944 г. ЛИТ.: Георги Ј. Мадолев, Парапуновци (Спомени), София, 1980; Георги Т. Мадолев, Въоръжената борба в пиринския край 1941–1944, БКП, София, 1966. В. Јот.

2019-01-05T19:45:11+01:00 0 коментари