ВОЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОЈСКАТА НА АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА – македонскиот крал Филип Ⅱ (359– 336 г. пр.н.е.) ги продолжува и ги усовршува воените реформи од претходните македонски владетели (посебно од Архелај, крај на Ⅴ в. пр.н.е.) за создавање на професионална народна војска, обучена и дисциплинирана. Ја создава прочуената македонска фаланга од тешко вооружена пешадија (πε− Воен распоред на Македонската фаланга ζετα‹рои) со долги копја – македонски сариси (за време на Александар должината им е 12 лакти, ок. 5,5 м, ок. 300 г. пр.н.е. – 16 лакти, а подоцна – 14); за да се соберат што повеќе острици, кои можат да дејствуваат едновремено, 11-те задни редови ги држат сари-сите над рамењата на предните фалангисти. Македонската фаланга во Ⅱ в. пр.н.е. (според Полибиј) има длабочина од 16 реда. Ус-пешно дејствува на рамен и гол терен. Коњицата на Филип и на Александар Македонски е првата дисциплинирана коњица (агема, ила) во историјата, непозната и за Хелените и за Персијците, опремена со шлем, панцир, мал штит, меч и копје. Сарисофорите се лесна коњица. Посебна институција со политички и воени ингеренции имаат другарите на кралот – хетајрои (благородници, блиски, советници, војсководци, придружници); меѓу овие македонски првенци се и филои – воен совет, потоа воените заповедници – стратези. Меѓу коњицата и фалангата дејствуваат хипаспистите, кои можат да се движат полесно од фалангата (лесен панцир, штит, кратко копје и долг меч), оспособени за офанзива. Војската има и лесна пешадија (пелтасти), стрелци и прачкари; се користат и опсадни справи за освојување на тврдини (познати се огромните опсадни направи „хелиополиси” на кралот Деметриј Полиоркет, Ⅲ в. пр.н.е.). Филип војува и со наемници (помошна војска, собрана од сојузници или од освоени територии). Војниците дејствуваат како воено собрание со право да носи политички, воени и судски одлуки. Војската е поделена според племенската припадност на: Линкестијци, Орестијци, Елимеи, Еордеи, или според областите: Анатемунт, Ботиаја, или по градови: Пела, Амфипол, Пидна, Миеса, Ајга, Бероја. Илустративни артефакти се наодите во кралската гробница во Вергина: парадното оружје, железен меч со рачка украсена со злато, железен оклоп со аплицирани златни ленти и со шест лавји глави, позлатени бронзени кнемиди, железен шлем, штит украсен со злато, стакло. ЛИТ.: Аријан, Александровата анабаса. Прев. М. Бузалкова, Скопје, 2000; Јустин, Филиповата историја. Прев. Љ. Басотова, Скопје, 2000; И. Кацаров, Цар Филип Ⅱ Македонски, Софи®, 1922. А. шук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.