//ВОДОВОЗОВ, Василиј Василјевич

ВОДОВОЗОВ, Василиј Василјевич

ВОДОВОЗОВ, Василиј Василјевич (С.-Петербург, 22. Ⅻ 1864 / 3. Ⅰ 1865 – Збраслав, Чехија, 7. Х 1933) – руски публицист, правник, економист, општествен и политички деец. Студирал на Историско-филолошкиот (од 1883) и на Правниот факултет (од 1885) на С.-Петербуршкиот универзитет. Се зближил со револуционерното движење и народњаците, па во 1887 г. бил уапсен и испратен во прогонство во Архангелска губернија, каде што вонредно го завршува факултетот (1890), и потоа престојува во Самара (1891-1893). Поради статиите во дневниот и периодичниот печат (1890-1894) морал да ја напушти Русија и патувал по Балканот. Соработувал од Бугарија во угледните списанија „Вестник ЕвропΔ и „Русское богатство”. Во 1897 г. патувал по Австро-Унгарија и праќал дописки во рускиот печат. Неколку години живеел во Киев, учествувал во политичкиот живот и соработувал во месните весници и списанија. Потоа вниманието му го привлекуваат настаните и процесите на Балканот. Ги следи и пишува за Балканските војни, учествува на разни собранија и дискусии за Македонија, се зближува со Д. Чуповски и ја користи неговата „Карта на Македонија” и меморандумите на Македонската колонија (1913) и соработува во „Македонский голосъ (Македонски глас)”. Во декември 1914 и јануари-февруари 1915 г. патува „По сербской Македонии” и објавува бележити статии во „Современникъ”, „Вестникъ Европì”, „Русские в‹домости” и „ДенÝ”. Сите тие прилози („значително преработени”) ги објавува во книгата „На Балканаъ” (1917), во која се застапува за „единствена автономна Македонија и балканска федерација” и полемизира со руски, бугарски, српски и грчки опоненти. По Октомвриската револуција влегува во ЦК на Трудовата народно-социјалистичка партија (1917) и работи во Петроградскиот историско-револуционерен архив, на Универзитетот и во Институтот за новинарство. Од 1922 г. живее како емигрант во Берлин, а од 1924 г. во Прага, соработувајќи во разни периодични и енциклопедиски изданија. БИБ.: По Сербской Македонии. ПутевÎе записки, „Вестникъ Европѕ”, 1, Петроградъ, 1916; На Балканахъ. Статњи. Путевѕе очерки, Петроградъ, 1917; Македония, НовÎй Ìнцикопедический словарÏ, т. 25, Петроградъ, 1917. ИЗВ.: Славяноведение в доревол• ционной России, Москва, 1979, 106; Енциклопедия историˆ Украˆни, т. 1, Киˆв, 2003, 591; Манол Пандевски, Првата биографија на Јане Сандански од В. Водовозов, „Историја”, Ⅵ, 2, Скопје, 1970, 218-225; Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878-1940 и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, Ⅱ, Скопје, 1978. Бл. Р. Водоземци: жаба и дождовник

2019-01-05T19:45:11+00:00 0 коментари