ВЛАШКИ, Иван Јосифов

ВЛАШКИ, Иван Јосифов (Берово, 30. Ⅵ 1929 – Скопје, 4. Ⅰ 1987) – хирург-уролог, доктор на медицинските науки, доцент на Мед. ф. во Скопје. Основач на модерната урологија, извршил први трансплантации на бубрези од жив донор и кадавер во РМ. Бил директор на Клиниката за урологија (1965–1987) и претседател на Здружението на уролози на СФРЈ (1976–1980). Објавил 90 научностручни трудови. Ал. Ставр.

2019-01-05T19:45:10+00:00 0 коментари