ВЛАЖНОСТ НА ВОЗДУХОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ВЛАЖНОСТ НА ВОЗДУХОТ ВО МАКЕДОНИЈА – содржина на водната пареа во атмосферата. Таа индиректно влијае врз температурата на воздухот, ефикасно ја впива долгобрановата радијација на Земјата и го регулира интензитетот на противзрачењето на атмосферата. Таа содржи значително количество латентна топлина која со кондензацијата на водната пареа се ослободува. Се изразува како апсолутна влажност на воздухот, релативна влажност на воздухот, притисок на водната пареа и дефицит на заситеност. ЛИТ.: Михаило Зиков, Метеорологија и Климатологија, Скопје, 2000; Јосепх Моран, Мицхаел Морган, Метеорологѕ, Нењ Ѕорк–Лондон, 1989; Алојзѕ Њос, Метеорологиа, Њарсања, 1997. М. З.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.