ВЛАДОВ, Димитар

ВЛАДОВ, Димитар (Ресен, 1874 – Софија, 15. Ⅰ 1917) – лекар, револуционер. Како член на МРО (1894) пренесувал куфери со динамит од Варна во Македонија. На Ⅷ конгрес на Македонската емигрантска организација (Софија, април 1901) бил избран за член на ВМОК. Медицина завршил во Лион (1902). Бил реонски и школски лекар во Солун и Битола и учествувал во Илинденското востание. Во Париз (1908) ја објавил тезата „Човекоубиството во умствената патологија”, за која бил награден. Бил учесник во Балканските војни, но се разочарал од бугарската асимилаторска политика спрема Македонија. П. Б.