ВЛАДОВА, Јадранка

ВЛАДОВА, Јадранка (Скопје, 20. Ⅳ 1956 – Скопје, 11. Ⅻ 2004) – раскажувач, романсиер, есеист, критичар, книжевен теоретичар, преведувач. Била доктор по филолошки науки и професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје по предметите светска книжевност и детска книжевност. Го уредувала списанието „Леттре интернатионале” (македонско издание). Била лектор по македонски јазик и литература на Карловиот универзитет во Прага. БИБ.: Скарбо во мојот двор, раскази, Ск., 1986; Воден знак, раскази, Ск., 1990; Волшебноста на зборот, есеи и критики, Ск., 1994; Македонско-чешки речник, Ск., ВЛАЖНОСТ Јадранка Владова 1998; Гледало зад огледалото, роман за деца, Ск., 1999; Читање на светската литература, есеи, Ск., 2003. П. Гил.